(ВИДЕО) Скоро половина милион луѓе протестираа во Барселона
Објавено во: Свет 21 Октомври, 2017
Над 450.000 луѓе учествуваа на демонстрациите вечерва во Барселона.
Тие инсистираат на ослободување на уапсените лидери на Националното каталонски собрание. Ова беше соопштено од градската полиција. Во акциите за поддршка на приведените, кои се под истрага за можно поттикнување бунт, го прифатија учеството и лидерот на Каталонија Карлес Пучдемон, неговиот заменик Орион Жункерас и други членови на регионалната влада. Илјадници Каталонци во Барселона денеска извикуваа: „Слобода!“
На 20 и 21 септември граѓанската гарда на Шпанија изврши во Каталонија претреси во канцелариите на голем број компании и приватни домови во врска со истрагата за организирање на референдум за независност. Повеќе од десет лица беа уапсени. Потоа, имаше и масовни протести во Барселона. Денешните масовни демонстрации во Барселона се одржаа само неколку часа по изјавата на премиерот Маријано Рахој, во која тој вели дека ќе користи 155-от член од Уставот, кој овозможува да биде ограничена самоуправата на Каталонија.