(ВИДЕО) Снежна бура и студ во Америка, десет мртви во невреме
Објавено во: Свет 19 Јануари, 2018
Најмалку 10 луѓе настрадале во снежната бура која ги опфати подрачјата на јужниот дел од САД .
Најмалку 4 смртни случаи се забележани во сојузната држава Лузијана, вклучувајќи и постар човек кој со сопругата живеел во куќа без греење, шеф на пожарникарите кој при пружање помош на жртви од сообраќајна незгода го удрило друго возило, човек настрадан во судрир и дете кое загинало кога мајката со автомобил слетала во канал.
Американски медиуми пишуваат дека во Џорџија настрадале три лица, а во Северна Каролина и Западна Вирџинија по едно, додека невремето предизвикало смрт и кај едно лице во Алабама.
Се наведува дека снежната бура која го погоди Мексиканскиот залив поминала, но дека студеното време би можело да се задржи во повеќе држави на истокот од САД, се до Флорида.