(ВИДЕО) Снежно невреме во Америка, откажани 3.000 летови
Објавено во: Свет 10 Февруари, 2017
На североистокот од САД поради снежно невреме откажани се 3.000 летови и се затворени училишта.
Невремето со силен ветер почна ноќеска и се очекува да продолжи и следната ноќ.
Ова се најголемите врнежи од снег во текот на оваа зима која беше блага.
Во делови на САД се очекуваат 35 или 45 цм снег.
Во Њујорк, Бостон и Филаделфија училиштата се затворени.
Во Масачусетс имало сообраќајни несреќи и други проблеми.
Неколку стотини куќи останаа без струја.