(ВИДЕО) Снимен падот на авионот во Малта, избил пожар!
Објавено во: Свет 24 Октомври, 2016
Во авионската несреќа која се случила во Малта загинале најмалку пет лица, а снимка од уривањето на авионот е објавена на социјалните мрежи.
Снимката на Фејсбук ја објавил Лорент Азопарди, кој случајно ја видел глетката, на која се гледа како авионот после падот пламнал и го зафатил голем пожар.
Петмината загинати се француски државјани и уште не е познато дали биле војници или цивили, како ни што е точната причина за несреќата.
Во медиумите прво се појавија информации дека се работи за претставници на граничната агенција Фронтес, што подоцна е демантирано.
Тоа го демантирала и високата претставничка на ЕУ Федерика Могерини, која навела дека претставници на ЕУ не биле во авионот и дека леталото не е поврзано со Унијата.
Жртви на падот на малиот авион во Малта се француски цариници кои имале извиднички лет на надгледување на мигранти и требало да се вратат после неколку часа лет, соопшти пак малтешката влада.
Француските царинци биле на должност на надгледување на трговијата со мигранти, и дрога и требало да летаат кон либискиот град Мисурати.