(ВИДЕО) Снимен убиецот на Оливер Ивановиќ?
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2018
Над просториите на партијата Граѓанска иницијатива „Србија, демократија, правда“ во Косовска Митровица стојат две камери за видео надзор кои најверојатно го забележале моментот, кога е убиен лидерот Оливер Ивановиќ, изјави извор за српски Блиц.
На километар и нешто, полицијата пронајде запалено возило марка опел астра со кое убиецот, најверојатно побегнал од местото на злосторството.
Косовската полиција претходно соопшти дека има информации за потеклото на тоа возило.
Генералниот директор на полицијата Шпенд Маѓуни, не изнесувајќи многу детали, рече дека имаат доволно информации за да се трага по сопственикот на возилото.
Ивановиќ почина во Здравствениот центар во северниот дел од Косовска Митровица, откако врз него непознато лице истрела повеќе куршуми од пиштол пред седиштето на Граѓанската иницијатива СДП.
Ковчегот со телото на Ивановиќ денеска попладне околу 18.30 часот е донесен пред просториите на партијата каде ќе преноќи.
Утре, како што е најавено, ќе биде префрлен во Белград.