(ВИДЕО) Снимка од дрон покажува колку е разорен Мексико Сити
Објавено во: Свет 20 Септември, 2017
Спасувачите трагаат по луѓето кои се под урнатините по силниот земјотрес кој го погоди Мексико.
Над 225 луѓе загинаа по земјотресот од 7.1 степени. Разорен е главниот град Мексико Сити.
Се урнаа многу згради во градот кој има 20 милиони жители.
Илјадници луѓе излегоа на улиците, а повеќе од два милиони луѓе се без струја.
На повеќе места истекува гас, а има и пожари по потресот.
Пред 32 години во земјата имаше силен земјотрес при што загинаа илјадници луѓе.