(ВИДЕО) СО ГОДИНИ ЖИВЕЕ БЕЗ ПАРИ: Како овој човек се снаоѓа?
Објавено во: Финансии 18 Септември, 2017
Ирецот Мајкл Бојл доброволно живее без приходи, сметка во банка и потрошувачка.
Вели дека ако пред 7 години, додека бил студент по економија некој му рекол дека ќе живее без пари, не би верувал.
Бојл тогаш имал план што повеќе да работи, да има добра работа и да заработи што повеќе пари.
Имал добра работа во компанија за органска храна, имал своја јахта, но решил дека со себе ќе направи промена каква што сака да види во светот.
„Тоа за жал значеше да се откажам од сите приходи кои ги имам. Направив листа на основни работи кои ми се потребни за да живеам. Обожавам да јадам, така што храната беше на врвот од листата. Имав две опции, да одам по храна по дивината или да одгледувам сопствена“- вели тој.
Имал своја приколка и ја паркирал на фарма каде волонтирал. Се греел на дрва, а приколката ја осветлувал на свеќи.
Тој тврди дека повеќе пари не значи и повеќе среќа.
Луѓето го прашуваат што му „недостига“ од животот пред тоа, а тој вели дека тоа е стресот од работа, метежот во сообраќај, сметките во банка.