(ВИДЕО) Спалната му е во БиХ, а дневната соба во Република Српска
Објавено во: Балкан 10 Ноември, 2017
Петнаесет мештани од селото Сливница велат дека нивното село е сечие и ничие.
Пола од ова село се наоѓа во БиХ, а пола во Република Српска. Границата ги дели имотите, но и куќите.
Куќата на Радован Сврдлан е на граница меѓу ентитетите.
Спалната соба му е во БиХ, а дневната во Република Српска.
Сврдлан веќе дваесет години живее на граница меѓу двата ентитети.
„Имам куќа и во федерацијата и во РС. Семејството кога ќе дојде, кој сака да живее и спие во еден дел, кој сака во РС оди во овој дел, а кој сака во БиХ оди лево, и така имаме мир“ - вели тој.
Тој не плаќа данок никому затоа што не знае каде точно припаѓа неговата куќа.