Видео: Сред чад и оган пожарникар фати фрлено бебе од зграда
Објавено во: Свет 23 Април, 2017
Пожарникар од Џорџија, САД имаше неверојатна интервенција откако при гасење на пожар во станбен комплекс еден од станарите испаничено му дофлрил дека мора да ја прифати неговата едногодишна ќерка бидејќи нема друг начин како побрзо да се спаси бебето. Без премногу размислување пожарникарот прифатил таткото да го фрли бебето од вториот кат, а тој без проблеми го прифати и го однесе на сигурно. Колку и да изгледа оваа постапка ризично пожарникарот е прогласен за херој во САД.