Видео: Стадионот на Пескара во паника по земјотресот, натпреварот прекинат
Објавено во: Свет 27 Октомври, 2016
Навивачите на стадионот на Пескара панично реагираа на земјотресот кој ја погоди оваа област и предизвика прекин на натпреварот во италијанската Серија А против екипата на Аталанта.
Инаку, стадионот „Адријатико“ на кој се играше натпреварот се наоѓа во близина на епицентарот, па затоа и се почувствува толку силно.
- Во тие моменти ние не бевме воопшто свесни дека земјата се поместуваше. Сепак, кога слушнавме врескање на трибините сè ни беше сосема јасно - изјави после средбата дефанзивецот на Пескара, Хуго Кампањаро.
Трибините и делот за стручниот штаб и резервите на двете екипи најмногу го почуствувале земјотресот, додека пак на самиот терен фудбалерите не го осетиле земјотресот толку силно, но сепак судијата донесе одлука мечот да биде прекинат.
Во вчерашната серија на земјотреси кои ја потресоа Италија нема човечки жртви, но е предизвикана помала материјална штета.