(ВИДЕО) СТАКЛО И БРАНОВИ: Кога шишињата ќе станат уметност
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2017
Кога луѓето ја загадуваат околината тоа изгледа грдо и доведува до уништување на животинскиот и растителен свет, но на плажата Усури Беј во Русија имаше необична глетка.
Таму бранови со фрлените шишиња во вода направија уметнички дела.
Плажата која беше преполна со шишиња се наоѓа близу Владивосток.
Оваа зона е заштитена и туристите плаќаат за да ја видат плажата.
Шареното стакло преку лето се гледа на песокот, а во зима на снегот и оваа стаклена „бавча“ е популарна преку целата година.