(ВИДЕО) СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ФЕНИКС: Поплавени објекти, патишта, откажани летови
Објавено во: Свет 17 Јули, 2017
Поплавени патишта и откажани летови има во главниот град на сојузната американска држава Аризона, Феникс.
Најмалку девет лица, пет деца и четворица возрасни загинаа во поројниот дожд што го зафати националниот парк Тонто во Аризона, а 13-годишно момче се води како исчезнато. Четири други лица се спасени.
Поради невремето околу 6.000 домови останаа без електрична енергија, а поради надојдената вода делови од автопатиштата во Аризона се затворени за сообраќај. Авионите кои требаше да слетаат на меѓународниот аеродром во Феникс се пренасочувани за Мејс, Тусон и Лас Вегас.
VIDEO: The Burton Barr Central Library in Phoenix was significantly damaged from Saturday's monsoon storm pic.twitter.com/dYn5iFyvDK
— azcentral (@azcentral) July 17, 2017
Библиотеката во градот е поплавена.
Според метеоролозите и денеска се очекува невреме.