(ВИДЕО) СВЕДОЦИ НА ХОРОРОТ ОД ИСТАНБУЛ: Пукаше по сите, крвави луѓе газеа по другите
Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2017
Терорист облечен како Дедо Мраз синоќа влезе во клуб во Истанбул, каде уби 39 луѓе, а пукал и на улица пред да влезе во клубот.
Преживеаните сведоци раскажуваат дека немало никакво предупредување, туку веднаш почнал да пука.
„Се забавувавме и одеднаш луѓето почнаа да бегаат. Сопругот ми рече да не се плашам и скокна врз мене да ме заштити. Луѓето буквално трчаа преку мене. Мојот сопруг е погоден на три места“ - вели Хуриета Синем Ујаник, која тврди дека имало двајца напаѓачи.
Младо момче кое е рането раскажа дека влегле во клубот и пукале по сите.
Први при пукањето настрадале цивил и полицаец кои биле на влезот.
Многу од луѓето бегале и скокнале во море за да се спасат.
Во нападот се убиени 39, а ранети 69 луѓе.