Видео: Светските лидери доведени до просјачки стап
Објавено во: Свет 28 Мај, 2017
Рускиот супер моќен претседател Владимир Путин доведен до бездомник кој нема работа, ексцентричниот американски претседател Доналд Трамп принуден да биде мигрант, неприкосновениот Башр ал Асад како алкхоличар и многу други светски лидери доведени до дното.
Оваа слика на смена на моќта и перцепцијата за најистакнатите личности ја прави уметникот Абдула Ал Амари од Сирија. Тој бил гневен на сите неправди и злосторства кои се случуваат во разурнатата Сирија па сакал да види како ќе изгледа кога светските моќници ќе бидат во улога на секојдневните луѓе на дното на општеството.
Погледнете ги и сами овие моќни трансформации.