(ВИДЕО) Тепачка во грчкиот Парламент - кој прв почна?
Објавено во: Балкан 15 Мај, 2017
Членот на грчката ултрадесничарска партија Златна зора, Илијас Касидијарис, денеска е исфрлен од Парламентот откако турна пратеник од Нова демократија, по што во пленарната сала изби тепачка.
Медиумите наведуваат дека на 37-годишниот Касидијарис му попречило тоа што пратеникот на конзервативната Нова демократија, Никос Дендијас, минал пред него додека зборувал за законот што предвидува нови мерки за штедење.
Тој му го кажал тоа на пратеникот на Златна зора Дендијас, по што со другите пратеници од неговата партија ги посипале со вода претставниците на Нова демократија.
„Го загадувате овој Парламент. Надвор“ - рече вршителот на должноста претседавач со Парламентот, Макис Балаурас.
Видеа има само од почетокот на тепачката, а остатокот бил подалеку од камерите.