Видео: Терорист уби пет жени во руска црква
Објавено во: Свет 19 Февруари, 2018
Руската полиција ја откри снимката од безбедносните камери на која се гледа како 22 годишниот Калил Калилов отвора оган од пушка врз две жени кои се наоѓаат пред православна црква во Дагестан, а една жена панично бега штом ќе го чуе пукањето. Убиени се вкупно 5 жени кои ја посетиле црквата Св.Павле, а една од нив починала во болница за време на медицинската интервенција.
Засега мотивите на Калилов не се познати, но според руските безбедносни органи се работи за тероризам бидејќи пред да започне со пукање извикувал „Алаху акбар“ што на арапски значи Господ е голем.
Нападот се случил во градот Кизлијар сред бел ден. Полицијата продолжува со истрагата.