(ВИДЕО) ТЕСЛА ОД ШИПОВО: Направил електрана и сега продава струја
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2017
Славко Пиљиќ (82) кој живее близу Шипово, прв приклучил струја во 1965 година кога направил хидроелектрана на реката Јањ, а сега освен што има струја за своето домаќинство, плус и продава.
Овој поранешен градежен работник раскажува дека откако се вратил од војска, сакал да му го олесни животот на татко му кој работел во воденица и млин и немал светло, па морал да користи ламба која не е добро решение.
„Дојдов на идеја да правам струја, затоа што водена сила имам во изобилие“ - вели тој.
Откако успешно ја завршил работата, татко му организирал прослава, а овој човек почнале да го нарекуваат Тесла.
„Ова се патенти на Тесла, од него е ова, само што јас ги обновив на погон на вода“ - додава Пиљиќ.
Планира да постави појак генератор, да произведува повеќе струја и да ја продава.