(ВИДЕО) Тој е домар и заработува 217.000 долари годишно
Објавено во: Финансии 09 Февруари, 2017
Калифорниските даночни власти се зачудија кога ги видоа податоците дека домар во железничка компанија годишно заработува 217.000 долари.
Прво помислиле дека се работи за некаква манипулација или перење на пари, но всушност човекот таа сума ја заработил со прекувремено работење.
57.000 долари е неговата основна заработка, а плус добива 14.300 долари за патни трошоци и други бенефиции.
Другите пари ги заработил со прекувремени работни часови, за што го доби епитетот „супер човек“.
Домарот работел 365 денови, а повеќето денови имал прекувремена работа.
Во јуни 2015 година, домарот 18 дена по ред работел по 17 часа.
„Кога ќе ги прашаме луѓето кој сака да работи прекувремено, никој не крева рака освен Занг. Го заслужил секој долар и е одличен работник“ - велат неговите соработници.
За да се уверат дека навистина човекот работи толку часови, прегледани биле и снимките од видео надзорот.