(ВИДЕО) Трамп игра со меч во Саудиска Арабија
Објавено во: Свет 21 Мај, 2017
Претседателот на САД, Доналд Трамп заигра во Саудиска Арабија традиционален танц со мечеви, на церемонијата за неговиот пречек.
Трамп со сопругата Меланија вчера допатуваа во Ријад, неговата прва дестинација на првата турнеја како претседател на САД.
На видеото се појавуваат и државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон и советниците Рајс Прибус и Стивен Бенон.