Видео: Трамп пречекан како Тито во Кина!
Објавено во: Свет 10 Ноември, 2017
Американскиот претседател Доналд Трамп беше дочекан со највисоки државни почести во Кина кои потсетуваат на некогашните дочеци на Јосип Броз Тито во азискиот политички и економски „тигар“. Со почесна гарда, црвен килим, како и дечиња кои мавтаа со американски знаменца, Трамп уште од самиот старт беше освоен од гостопримството на кинезите што значителни влијаеше и на неговите политички пораки.
Американската јавност смета дека Трамп паднал во кинеската замка, и земјата која е нивни противник на геополитичката карта, сега добива пофалби од американскиот претседател за нивните паметни политички и економски политики.
Трамп директно го пофали кинескиот претседател Ши Џипинг за неговото водство на земјата која е надмоќна во трговијата со САД. Исто така посочи дека се надева за изградба на пријателски и блиски односи со Кина во наредниот период.
Интересно е што колку малку фалеше Трамп да биде дивертиран од кинескиот смисол за блиска дипломатија што целосно заборави на неговата изборна кампања во која како главен непријател ја посочи токму Кина.Според Трамп, виновни се транспацифичкото партнерство за трговија со кое Кина има голема предност во извозот со ниски цени на производство и евтини царински давачки, додека пак во неповолна позиција се американските фирми и бизниси кои губат конкурентност, се сели производството и фабриките на кинеско тло, а се избегнуваат и даноци.
Кинеските медиуми создадоа одлична државна пропаганда и посетата на Трамп ја прогласија за огромен успех.
Х.С.