26 Април, 2024
0.0244

(ВИДЕО) ТРИК како да го одмрзнете стаклото на автомобилот-без стругање!

Објавено во: Стил 03 Декември, 2016

Добивај вести на Viber

Ако немате купечки спреј за одмрзнување на стаклото или не сакате да го купувате, посегнете за две многу евтини состојки и направете си го сами. Тоа ви е минута работа, а навистина помага.

Се што ви треба за тоа е алкохол и вода.

Ставете ги во шише со распрскувач во размер 2:1 (две третини алкохол и третина вода). Напрскајте по замрзнатото стакло. За неколку секунди мразот ќе се омекне и лесно ќе го отстраните, без макотрпно стругање.

Погледнете во видеото што треба да направите:


Дополнителни совети:

-Заборавете врела вода. Замрзнатите стакла никогаш не полевајте ги со врела вода, посебно ако веќе имаат помали ошетувања, предупредуваат експертите. Паметен збор е млака вода која на стакло ќе ја нанесете со крпа.

-Искористете кредитна картичка. Ако се најдете некаде во град, стаклата ви се помрзнати а кај себе немате ниту спреј, ниту топла вода ни стругалка, посегнете за вашата кредитна картичка и стругајте. Тоа ќе оди малку побавно, но сепак после некое време ќе може да седнете во автомобил и да си заминете дома.

-Ставете картон на стаклото. Ова е одличен начин на превенција стаклата на автомобилот воопшто да не се замрзнат. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти