29 Март, 2024
0.0259

(ВИДЕО) Турското гранатирање во северна Сирија однело во смрт 11 деца и цивили

Објавено во: Свет 22 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Најмалку 11 мирни жители на Африн, меѓу кои 5 деца, се убиени во воздушните напади на турската армија вчера според податоци на Сириската опсерваторија за човекови права, цитирана од светските агенции.

Турскиот генерал, пак контрира на тоа дека сите убиени се терористи.

Во саботата Турција започна воена операција во реонот на Африн, Северна Сирија против курдските милиции кои Анкара ги нарекува "терористички организации".

Во претходните пораки за удари над населбата Џалбара се зборуваше за 8 убиени од едно исто семејство бегалци од соседната провинција Идлиб.

Турската операција "Маслинова гранка" вклучува воздушно бомбардирање и артилериско гранатирање.

Портпаролот на курдската група ги обвини турските борци за убиство.

Во исто време, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави вчера во Бурса дека армијата ќе ги гони "терористите од единиците на „Силите за народна самоодбрана“ кои бегаат од Африн, пишуваат турски медиуми.

„Гледаме дека терористите се обидуваат да се скријат. Тие ќе побегнат и ќе ги следиме“, цитиран е Ердоган . Тој додал дека турските војници ќе ја завршат наскоро операцијата во Африн и нагласува дека курдските одреди не можат да се потпрат на помошта на САД против Турција.

Ердоган повторно ги повика САД "да не ја провоцираат Турција" и "да не посегнуваат на границите на републиката", бидејќи Анкара "нема да го толерира ова долго".


Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест