(ВИДЕО) УРАГАНОТ МАРИЈА ОДНЕСЕ ЖРТВА НА ГВАДАЛУПЕ: Почина човек врз кој падна дрво
Објавено во: Свет 19 Септември, 2017
Најмалку едно лице загина откако ураганот Марија го зафати францускиот остров Гвадалупе, соопштија официјални лица.
Лицето починало откако врз него паднало дрво.
Пријавено е и исчезнување на две лица откако нивниот брод потонал кај најисточниот остров на архипелагот на француската територија Ла Дезирад, кој е под управа на Гвадалупе.
Ураганот Марија е втората силна бура која ги погоди Карибите овој месец.