25 Април, 2024
0.1109

(ВИДЕО) ВИБЕР СЕ ПРОМЕНИ: Новата опција е толку добра што веднаш ќе почнете да ја користите!

Објавено во: Стил 03 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Корисниците на „Вибер“ добија можност да разменуваат фотографии и видео-записи кои после гледањето ќе бидат избришани.

Snapchat пред неколку години ги популаризираше „самоубиствените“ пораки, па оваа опција стана посебно популарна меѓу тинејџерите кои можеле да праќаат „послободни“ фотографии без страв дали ќе ги видат други личности освен сопственикот на телефонот. Неколку секунди по примањето на пораките, односно фотографијата, тие ќе исчезнат од телефонот така што никој повеќе нема да може да ги види. Со време Snapchat стана многу повеќе од платформа за праќање на самоуништувачки пораки, додека оваа опција ја претставија и други компании и сервиси.

Сега можноста за праќање фотографии и видео записи кои исчезнуваат неколку секунди по нивното отворање е достапна и на Вибер.

По снимањето на фотографија или видео-запис (внатре во апликаицјата на вибер) во горниот десен или долен лев агол ќе се појави икона на прецртан час по пат на кој корисниците можат да го изберат времето после кое фотографијата или видеото ќе се избрише од телефонот на примателот откако тој ќе ја отвори.

Периодот на бришење на пораката е можно да се стави на една, три или седум секунди.

Иако Вибер доцни со претставувањето на оваа опција, сигурно е дека брзо ќе стане популарна меѓу милионите корисници на овој сервис за комуникација.


Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган