Видео: Влечат ајкула со брз глисер, но ќе одговараат за тортура
Објавено во: Свет 27 Јули, 2017
Група на рибари споделија видео кое ги згрози социјалните мрежи. Тие објавија како влечат уловена ајкула со супер брзиот глисер со цел да ја убијат од самото влечење. Инцидентот е случил во Флорида и одделот за заштита на дивиот свет посочил дека ќе преземе најстрги мерки против овие рибари кои се изживуваат со беспомошната ајкула.