26 Април, 2024
0.0282

(ВИДЕО) ВО ОВА СЕЛО Е ТОЛКУ СТУДЕНО ДА НЕМААТ ОД ШТО ДА ЖИВЕАТ: Го копаат дното во замрзната река и бараат злато!

Објавено во: Свет 14 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Животот во селото Таш-Башат во регионот Нарјин во Киргистан, на некои 345 километри од престолнината Бишкек, воопшто не е лесен. Во текот на студените зимски месеци поради недостиг на работа на фармите, луѓето се свртуваат кон копање на злато, и тоа во замрзната вода.

Златото е главен минерал кој се ископува во Киргистан. Рудникот Кутмор произведува до 18 тони злато годишно и сочинува осум отсто од бруто домашниот производ на земјата. Но, на периферијата Таш-Башат нема рудник. Злато може да се пронајде само во замрзнатата река Нарјин.

Дел од реката која тече низ ова село е богата со злато, но само на селаните им е дозволено да го бараат. Други луѓе не се добредојдени.На оваа река постојат уште две вакви места.


Секој ден од декември до крајот на февруари луѓето газат низ студената замрзната река барајќи злато, пркосејќи им на температурите од минус 40.

„Со пријателите и школски другари доаѓам овде да барам злато. Тие (пријателите) го подесуваат огнот како би ги исушиле нашите инструменти. Бидејќи е зима, а просечната температура е -40 степени Целзиусови, така мораме да ги одмрзнуваме инструментите“, рекол Санарбек Атабајев.

Луѓето од ова село морале да почнат да се занимаваат со барање на злато бидејќи во текот на зимата нема работа . Според нивните зборови, подобро е да работат нешто отколку да „денгубат“.

Иако пронаоѓаат исклучително мала количина на злато, тврдат дека тоа е и добро бидејќи во некои денови заминуваат дома и со празни раце.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек