24 Април, 2024
0.0371

(ВИДЕО ВО ЖИВО) ПРОДОЛЖУВА ОФАНЗИВАТА ВО МОСУЛ: Преземање на овој град-опасност за Европа од џихадисти!

Објавено во: Свет 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Ирачките сили напредувале источно од Мосул бидејќи покренале офанзива за ослободување на градот кој е во раце на џихадистите од Исламска држава. Се проценува дека во Мосул има околу пет илјади џихадисти кои поседуваат тешко вооружување.

Се стравува дека битката за Мосул долго ќе трае и ОН се плашат дека тоа би предизвикало хуманитарна катастрофа за околу милион и пол жители кои живееат во Мосул, вториот град по големина во Ирак, и последното големо засолниште на џихадистите во таа земја.

Околу 300 припадници на ирачките сили учествуваат во офанзивата.

Пентагон соопшти дека операцијата добро почнала, дека ќе биде тешка и ќе бара доста време.

Долгоочекуваната офанзива на ирачките сили за безбедност и Курдите за ослободување на Мосул ја забавуваат бомбите кои џихадистите ги остваат зад себе.

Ирачката војска во текот на ноќта над Мосул фрлала летоци во кои се наведуваат инструкции за безбедност на населението.

Аналитичарите сметаат дека преземањето на Мосул би значело пораз за Исламска држава во Ирак.

Европската унија, истовремено, предупредува на опасност од прилив на џихадисти на ИСИС во Европа ако успее ирачката офанзива и Мосул биде ослободен.

Француското министерство за одбрана соопштило дека мнистрите за одбрана на водечките земји на меѓународната антиџихадистичка воена коалција ќе се состанат на 25 октомври во Париз како би разговарале за битката за преземање на Мосул.

Мосул во летото 2014 година падна во раце на исламистите, кога екстремистите заземаа големи делови од источен и централен Ирак.

Во видеото подолу РТ во живо ја пренесува офанзивата, следете ја


Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Уапсен е рускиот заменик министер за одбрана Тимур Иванов

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ИРАН СЕ ЗАКАНИ НА ИЗРАЕЛ: Aко пак нападнат, не е јасно дали нешто ќе остане од Израел

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

ХАМАС ПОВИКА НА ЕСКАЛАЦИЈА: Го повикуваме јорданскиот народ да ги засили своите акции

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ИЗРАЕЛСКИ ВОЈНИК ГО ШУТНА ПАЛЕСТИНСКОТО ЗНАМЕ И ЛЕТНА ВО ВОЗДУХ: Со повреди заврши во болница

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

КУЛЕБА НАСКОРО ЌЕ ДАДЕ ОБЈАСНУВАЊЕ: Украина ги укина конзуларните услуги за машките државјани на воена возраст во странство

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГАЗА: Откриена е масовна гробница, дел од луѓето биле со врзани раце и нозе

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

ГО ПОГОДИЛЕ БЕЛГОРОД: Руските сили фрлиле бомби на своја територија

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

СКАНДАЛ ВО ГЕРМАНИЈА: Уапсен функционер на крајната десница - шпионирал за Кина

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата

ДВА ХЕЛИКОПТЕРИ СЕ СУДРИЈА НА ВЕЖБА, 10 ЛИЦА ЗАГИНАА: Се појави видео од трагедијата