(ВИДЕО) ВОДЕН СВЕТ: Овој град тоне најбрзо на светот, а не е Венеција
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2017
Само еден ѕид чува еден град и неговите десетина милиони жители од надоаѓање на вода.
Тврдината која значи живот ја чува Џакарта, главниот град на Индонезија од неколку метри длабоки води на истоимениот залив.
Имено, индонезискиот главен град во добар дел се наоѓа под површината на морето. Меѓутоа, дури ни ѕидот веќе не е целосно сигурен. На некои места пукнал, а на места матна и загадена вода веќе преминува преку ѕидот.
Сукаеши живее покрај тој ѕид. Таа веќе е 60-годишна продавачка и вели дека со страв живее секој ден.
„Вода тече од ѕидот цело време, а за време на плимата знае дури и да тргне преку ѕид“. раскажала таа за Гардијан.
Ѕидот има еден голем проблем. Секоја година и тој тоне иако веќе еднаш е надграден.