(ВИДЕО) За Нова година „олесниле“ сефови во Њујорк за 6 милиони долари
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2017
За Нова година се случи голема кражба на злато во Њујорк.
Украдено е злато вредно 6 милиони долари на Тајм сквер.
Надвор во истиот момент имало 7.000 полицајци.
Крадците влегле во зградата на 6 кат, ја обиле вратата и го украле вредниот накит.
Потоа веднаш побегнале и по нив се трага.
Со пленот кој го земале од сефови избегале по полноќ.
Во медиумите пишуваат дека ова е кражба на векот.
Нив не ги спречиле дури ниту камионите кои полицијата ги оставила како дополнително осигурување, а за време на кражбата никој не е повреден.