(ВИДЕО) За прв пат снег во нивниот град - се тепаа со снежни топки
Објавено во: Балкан 16 Јануари, 2017
Децата во јужниот турски град Аланија прв пат во животот видоа снег во својот град.
Ова им го овозможи градоначалникот Адам Мурат. Тој истури пет камиони снег на централниот плоштад и организираше тепање со снежни топки.
Во едно од најпопуларните турски летувалишта прв пат по 30 години паднаа неколку
сантиметри снег, но само во највисоките и планински делови на градот.
Локалните власти побрзале да го соберат во камиони снегот, кој утредента веќе го немало, затоа што дневната температура во Аланија во овој период од годината е 15 степени Целзиусови.