(ВИДЕО) Заради мигрантите настрадаа палмите - демонстранти ги запалија
Објавено во: Свет 20 Февруари, 2017
Палмите кои неодамна беа засадени кај катедрала во Милано настрадаа во протест на десничарите кои се против „африканизација“ на овој дел од Италија.
Палењето се случи по неколку часа од протестот. Десничарите од Северна Лига сметаат дека палмите ја исмеваат италијанската култура.
На минувачите тие им делеа банани.
Лидерот Матео Салвини рече дека сега им требаат уште камили и мајмуни и ќе бидат Африка во Италија.