16 Април, 2024
0.0230

(ВИДЕО) ЗБОГУМ „ЛОНДОНСКО ОКО“: Дубаи го гради најголемото тркало на светот

Објавено во: Стил 14 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Амбициозниот проект на Дубаи да го изгради најголемото панорамско тркало на светот се повеќе се ближи до остварување, со оглед на тоа дека е изградено повеќе од половина од планираната конструкција.

Со 204 метри висина, тркалото ќе го надмине не само познатото „Лондонско око“, туку и моменталниот рекордер  - 167 метри високото тркало во Лас Вегас во Невада.

Кога ќе биде завршена во 2018 година, новата атракција одеднаш ќе може да прими 1 400 посетители, во 48 капсули кои ги изградила компанијата Хјундаи. Капсулите ќе бидат климатизирани, и ќе имаат дрвени подови и модерни клупи.

За градење на оваа џиновска скаламерија ќе бидат потрошени вкупно 9 000 тона челик-што е повеќе отколку што содржи Ајфеловата кула во Париз, а „окото“ ќе тежи отприлика како осум Ербас авиони А 380s.

Во средината на тркалото ќе се наоѓа огромен ЛЕД екран кој ќе прикажува реклами, пренесе Дејли меил.

Автор на проектот е компанијата Мирас.


Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре