(ВИДЕО) Зелено-сина светлина над Мексико Сити, луѓето во паника
Објавено во: Свет 08 Септември, 2017
Зелено-сина светлина го осветли небото над Мексико Сити веднаш по земјотресот од 8,2 степени и ги исплаши уште повеќе жителите на овој град.
Науката нема официјално објаснување, најверојатно се работи за природен феномен.
Сеизмологот Стивен Хикс истакнува дека врската помеѓу мистериозната светлина и земјотресот никогаш официјално не е докажана и дека најверојатно се работи за експлозија на гебераторите и системите за напојување.
Сепак многу научници наведуваат дека постојат записи во кои пишува дека ваква светлост која се појавува непосредно по некој голем потрес била забележувана и пред стотици години.
Бројот на загинатите при моќниот земјотрес во Мексико се искачи на 15 лица.
Ова е најсилниот земјотрес во земјата во изминатите 100 години.