(ВИДЕО) Жртвите во Истанбул се 39, 16 од нив се странци
Објавено во: Балкан 01 Јануари, 2017
Најмалку 16 странци се меѓу вкупно 39-те жртви, убиени во вооружен напад во клуб во турскиот град Истанбул за време на новогодишните празници, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу, пренесува Франс прес.
Други 69 лица се повредени во пукањето и се сместени во болница.
Сојлу додаде дека напаѓачот, или напаѓачите сè уште се на слобода.
„Полицијата ги започна потребните операции. Се надевам дека ќе бидат фатени брзо"- вели тој.
Американскиот претседател, Барак Обама изрази сочувство за нападот во ноќниот клуб во Истанбул и вели дека нуди помош на Турција.