(ВИДЕО18+) НЕСРЕЌА НА КРУЖНАТА ТРКА ВО СКОПЈЕ: Бркиќ го покоси организаторот Димушевски
Објавено во: Македонија 22 Октомври, 2017
Кружната трка во Скопје заврши со несреќа.
Повреден е томку организаторот Александар Димушевски .
Имено, српскиот возач Урош Бркиќ загубил контрола над хондата која ја управувал и удрил во организаторот на трката, Александар Димушевски кој се наоѓал во близина на патеката.
Во моментов и двајцата се наоѓаат во градска болница а медиумите пишуваат дека Димушевски има фрактура на ногата.
Сепак, не се исклучени и други телесни повреди. Засега нема информации за состојбата на Урош Бркиќ.
Инцидентот се случил во 13тиот круг, пред затворањето на последната трка на четвртата дивизија.