(ВИДЕО+ФОТО) KATAЛОНИЈА НА НОЗЕ: Покраината парализирана, имаше и судири со полицијата
Објавено во: Свет 08 Ноември, 2017
Каталонија е парализирана, сообраќајот е отежнат поради протести, а имало и мали судири со полицијата.
Приврзаниците за независност на Каталонија организираа генерален штрајк протестирајќи против апсењето на лидерот, Карлес Пучдемон и на останатите членови на каталонската Влада.
Тие излегоа на автопатиштата извикувајќи слобода за политичките затвореници. На социјалните мрежи се појавија информации дека дошло до мали судири меѓу демонстрантите и полицијата.
Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека изборите во Каталонија на 21 декември треба да отворат ново политичко време за тој регион.
Шпанскиот Уставен суд ја поништи декларацијата за независност на Каталонија, која на 27 октомври ја прогласи каталонскиот Парламент.
Владата во Мадрид го разреши лидерот на Каталонија и го распушти парламентот неколку часа откако регионот се прогласи за независен со 70 гласови „за“, 10 гласа „против“.