(ВИДЕО+ФОТО) ПОРАКА ОД ДОМИНИКА: Изгубивме се што може со пари да се купи
Објавено во: Свет 19 Септември, 2017
Изгубивме сѐ што може со пари да се купи, вели доминиканскиот премиер, Рузвелт Скерит.
Тој побара помош и рече дека ќе им требаат и хеликоптери откако ураганот Марија ја разори земјата. Со нив ќе се процени штетата во земјата.
Во градот Розо, премиерската резиденција остана без покрив поради силните ветрови.
Од 4 ураганот помина во 5-та категорија кога ги погоди Доминика, и француските острови Мартиник и Гвадалупе.
Сега ураганот се движи кон Порторико со брзина од 260 км на час.
На дел од островите луѓето веќе се евакуирани и ги напуштија домовите.
Марија се движи низ подрачјето каде претходно помина ураганот Ирма.