(ВИДЕО+ФОТО) Путин подобар од Дедо Мраз - на тинејџерка и подари коњ
Објавено во: Свет 04 Јануари, 2017
Глорија Колесникова, тинејџерка од Русија неодамна му пишала на рускиот претседател, Владимир Путин дека сака да има убав коњ, по што Путин се потруди да ја исполни нејзината желба.
Таа му пишала на Путин уште во март 2016 година.
Девојката не се ни надевала дека ќе добие одговор, но секако стигнал повратен одговор од администрацијата на Путин.
Во текот на летото била во Москва за да работи и заработи за коњ, но во септември стигнал одговорот дека коњот секако ќе го добие.
„Луѓето од локалната власт ми се јавија дека мора да ми помогнат, инаку ќе сносат последици. Во ноември ми стигна коњот“ - вели девојката.
Црниот коњ го крстила Президент. Оваа приказна наиде на интерес во медиумите.