(ВИДЕО+ФОТО) УЖАС ВО МЕЛБУРН: Со автомобил удри во луѓе и деца
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2017
Најмалку три лица загинаа, а 20 се повредени откако маж намерно влетал со автомобил во група пешаци во центарот на Мелбурн, Австралија.
Уште три се во критична состојба, откако возачот се забил во пешаци пред трговски центар по брканица со полицијата. Ова го соопшти денеска австралиската полиција, истакнувајќи дека инцидентот нема врска со тероризам.
Возачот е уапсен, а полицискиот шеф Стјуарт Бејтсон изјави дека инцидентот е поврзан со претходен напад со нож во метри во јужниот дел од градот.
Лекарите велат дека неколку лица се потешко повредени, меѓу кои и деца, а сведоците изјавиле дека телата „практично летале низ воздухот“ кога автомобилот влетал меѓу пешаците.