25 Април, 2024
0.0817

ВИДЕО:Обама и порача на нацијата:Имам план за економско опоравување на САД!

Објавено во: Свет 13 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Барак Обама во редовното годишно обраќање пред Конгресот ги повика законодавците од двете политички партии, заедно со Белата куќа да работат на опоравување на американската економија за да ја зајакнат средната класа. Тој порача дека има план за економско опоравување на САД. Во првиот говор пред нацијата, откако е реизбран, претседателот Обама, најави амбициозен план за економско опоравување на земјата и намалување на долгот кој надмина 16 илјади милјарди долари. „Наша недовршена задача е да да обезбедиме оваа влада да работи во име на мнозинството, а не само на малцинства, да поттикнеме слободно претприемништво, да ги наградими индивидуалните иницијативи и да ја отвориме вратата на можности на секое дете во целата земја“ истакна Обама во својот говор. Американскиот претседател го повика Конгресот да ги спречи финансиските резови за воените и социјалните програми кои треба да стапат на сила на 1 март, ако до тогаш не биде усвоен буџетот и не започне сериозна реформа на даночниот систем. Тој повика на поголемо трошење за предучилишното образование, средното образование и за обуки на невработени. Најави дека ќе потроши 70.000 милијарди долари за обнова на патишта и мостови. Повика на даночна реформа, на реформа за имиграцијата и на реформа за зголемување на минималната плата од 7,27 на 9 долари за час. Кога станува збор за андворешната политика, американскиот претседател најави дека до крајот на оваа и почетокот на следната година терба да бидат повлечени 38 илјади американски војници од Авганистан, а ја спомна и најновата нуклеарна проба на Северна Кореа, истакнувајќи дека со ваквите потези Пјонгјанг станува се поизолиран во светот. http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=K2ZWabkN8oo      

Можеби ќе ве интересира

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

КОЈ НАРОД Е НАЈМАЛКУ ЗАДОВОЛЕН ОД ЖИВОТОТ ВО ЕУ? Ќе се изненадите каде се Германците

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

БАЈДЕН ПОТПИША ПОТЕНЦИЈАЛНА ЗАБРАНА ЗА ТИКТОК - еве што ќе се случува понатаму

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

УКРАИНА ДОБИВА ОРУЖЈЕ ДО КРАЈ НА ДЕНОТ! Бајден го потпиша законот, пристигнува рекордна помош за 3 држави!

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

НЕКОЛКУ ЛИЦА ПОВРЕДЕНИ ВО „ЧУДЕН“ ИНЦИДЕНТ ВО ЛОНДОН: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон (ВИДEО)

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови

(ВИДЕО) ГОРИ ВО РУСИЈА: Украина пак погоди рафинерија со дронови