(ВИДЕО+ФОТО) Го сметале за луд, но не за џабе ја потрошил заштедата за плац
Објавено во: Свет 10 Јануари, 2017
Струјарт Вилсон од Велс кој многу ја сака историјата купил плац со што ја потрошил целата своја заштеда.
Пред 12 години купил плац за кој верувал дека има археолошко значење, а за него платил 32.000 фунти.
Иако сите мислеле дека е луд и дека залудно ги потрошил парите, сепак не погрешил.
На земјиштето кое го купил во јужен Велс откриен е средновековен град.
Градот се вика Трелек и се претпоставува дека датира од 13 век.
Во него најверојатно живееле 10.000 луѓе и за тоа време бил голем град.
„За споредба во тоа време Лондон имал 40.000 жители“ - вели Вилсон.
Таму живеело и семејството Клер кое го поттикнувало производството на олово.
Пронајден е дворец, ѕидови и голема кула.
На плацот се откриени и метални лонци, дрвени предмети и остатоци од кожни чевли.