Викендичка од соништата можете да купите и за помалку од 10.000 евра
Објавено во: Финансии 03 Април, 2017
Викендичка од соништата во Србија можете да купите и за помалку од 10.000 евра.
На Голија куќа од 53 квадрати се нуди за цена од 9.800 евра. На надморска височина од 1100 метри и на свеж планински воздух ова место е идеално за здрав живот.
На Фрушка Гора викендичка и овоштарник се продаваат за 20.000 евра. Оваа куќа е на 20 км од Сремска Митровица и е со површина од 114 квадрати. Има кујна, бања, но треба да се приклучи струја, а овоштарникот се состои од 40 стебла.