24 Април, 2024
0.0266

ВИКЕНДОВ ГИ МЕСТИМЕ СТРЕЛКИТЕ НА ЧАСОВНИКОТ: Зошто промената на времето има “драматичен ефект“ и ја чини и економијата?

Објавено во: Стил 22 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Викендов почнува летното сметање на времето.

Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред в недела во 2 часот наутро почнува летното сметање кое ќе  заврши во последната недела во октомври во три часот наутро кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.

Не заборавајте дека во недела часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот. 

Експертите ја доведуваа многупати досега во прашање оваа пракса укажувајќи на здравствени ризици и економска штета.

Веќе некое време критичарите на поместувањето на часовникот два пати годишно се обидуваат да докажат дека таа промена веќе не е корисна. Сега, за да го докажат својот став и се свртеле на науката.

На една коференција, неодамна во Брисел професор по неврохирургија од Оксфорд, Расел Фостер и професор по психологија од Минхенскиот универзитет ги претставиле своите анализи за тоа како поместувањето на часовникот влијае на луѓето, посебно на спиењето.

Нивниот заклучок е дека враќањето на часовникот не донесува заштеда на енергија, претставува значаен здравствен ризик и многу ја чини економијата.

Научниците настојуваат да докажат дека промената на времето има „драматични ефекти“ на физичката и ментална функција бидејќи прави збрка во биолошкиот часовник.

Како што се наведува, на децата и повозрасните им се потребни недели за да се навикнат на таа промена. Истовремено во тоа време се бележи зголемен број на сообраќајни несреќи и компликации после хируршки интервенции.

Покрај штетното влијание по здравјето на луѓето, страда и економијата. Експертите сметаат дека промената на времето два пати годишно ја чини ЕУ помеѓу еден и два отсто од БДП, што е воглавно директно поврзано со здравствените проблеми. Тоа значи дека годишно се губат речиси 300 милијарди евра.

Австрискиот европратеник Хајнц Бекер вели деа постојат доволно научни податоци дека од Европската комисија се бара „конечно да преземат мерки“ и да се стави точка на праксата со која се прави „само штета“.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган