24 Март, 2017
0.3904
    ALKB 18510    0%     GRNT 680.02    0%     KMB 2813.41    -0.58%     NOSK 92250    0%     OHB 4950    -0.2%     RMDEN14 96    1.05%     RMDEN15 95    -0.42%     SBT 1281    -5.11%     STB 900    0%     STIL 76    1.13%     TEL 255    -2.39%     TKVS 2024    -2.97%     TNB 10802.42    -1.76%

Викендов не одете никаде без чадор

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2017

За викендот во земјава  се очекува облачно и релативно врнежливо време. 

Во сабота очекуваме постапено наоблачување. Претпладне врнежи ќе има во шарскиот регион и истите во повисоките предели ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе се прошират во поголем дел од северниот крај на Македонија. Во котлините и на пониските планини очекуваме дожд, а на повисоките места снег.

Во недела претпладне врнежите остануваат застапени во северната половина од земјата, но околу пладне ќе имаат тенденција на преместување кон југ. Од целиот викенд, попладнето во недела ќе биде најврнежливо.

Наоблачувањето ќе ги зголеми минималните вредности на температурата во недела, кога истите ќе бидат позитивни, но само до околу 4 до 5 степени над нулата.

Саботното утро  ќе биде релативно студено, со минимална  температура слична на оваа од петочното утро.

Максималната температура низ котлините во сабота ќе биде воглавно во границите помеѓу 10 и 13 степени односно околу 15 степени на југоисток, а недела ќе биде посвежа во однос на сабота за околу 3 степени.

Од понеделник повторно ќе имаме стабилизација на времето, а претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Попладне ќе следи намалување на облачноста и температури од 5 до 12 степени. Во вторник се очекува студено утро со утрински температури од -5 до 3 степени, а во текот на денот претежно сончево и топло со дневни температури од 8 до 15 степени.

Можеби ќе ве интересира

Тинејџер прободел другар со нож на курс по англиски

Тинејџер прободел другар со нож на курс по англиски

УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ: Кучиња искаса 4 годишно дете

УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ: Кучиња искаса 4 годишно дете

Иванов со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање

Иванов со орден ќе ја одликува Агенцијата за разузнавање

Дали Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието?

Дали Талат Џафери ќе биде новиот претседател на Собранието?

СДСМ: Собранието и Иванов мора да овозможат мирен трансфер на власта

СДСМ: Собранието и Иванов мора да овозможат мирен трансфер на власта

ЧАДИЕВА: СЈО кошмар за ВМРО ДПМНЕ, рокот за покренување обвиненија ќе биде продолжен

ЧАДИЕВА: СЈО кошмар за ВМРО ДПМНЕ, рокот за покренување обвиненија ќе биде продолжен

Тимоние: Доколку остане статус кво во политичката криза, цената за Македонија би била висока

Тимоние: Доколку остане статус кво во политичката криза, цената за Македонија би била висока

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се кошкаат: Едни бараат мандат, другите нови избори

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ се кошкаат: Едни бараат мандат, другите нови избори

СЈО ГИ ИНСПИРИРАШЕ: ТВИТЕРЏИИТЕ збеснаа по ексклузивните гаќи Мис Тифани од 500 евра

СЈО ГИ ИНСПИРИРАШЕ: ТВИТЕРЏИИТЕ збеснаа по ексклузивните гаќи Мис Тифани од 500 евра