Виндоус месинџер се пензионира, сите заминуваат на Скајп
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2013
„Виндоус лајв месинџер“ официјално заминува во пензија на 15 март годинава, кога сите корисници ќе бидат префрлени на Скајп, објави Мајкрософт од каде додаваат дека Месинџер во иднина ќе биде достапен само во Кина.
Каомпанијата Мајкрософт го купи Скајп во октомври 2011 година по цена од 8,5 милијарди долари, наведува порталот Машабл.
Уште минатиот ноември, претседателот на Скајп Тони Бејст потврди на својот блог дека Месинџер ќе биде укинат во првиот квартал од 2013 година.