17 Декември, 2017
0.3670
    ALK 7304.71    0%     CEVI 1144    0%     GRNT 762.38    0.86%     KJUBI 1400    0%     KMB 2700    0.01%     OHB 4767.86    -0.67%     RMDEN15 95.1    0.11%     RZUS 107.89    1.78%     STB 910    -1.09%     STIL 127    -2.31%     TNB 13100    0%     TPLF 1500    -1.69%     UNI 1870    -1.03%     ZILU 151    -2.58%

Виновник за мувлата е непроветрувањето, а не прозорците

Објавено во: Економија 06 Декември, 2017

Во текот на зимата како се спуштаат температурите, така и се намалува можноста за проветрување на просторијата со цел да не се троши дополнително енергија за затоплување, но тоа може да го зголеми ризикот од создавање на мувла. Спротивно на повеќе мислења дека самите прозорци се виновни, проблемот со кондензација настанува најмногу на места каде што има слаба или воопшто нема циркулација на воздухот. За да се заштитиме од создавање на мувла најважно е да го проветруваме просторот и тоа правилно. Не е доволно само да се отвори еден прозорец за да “ влезе ” воздух. Правилно проветрување на домот спречува создавање на мувла.

Со добра изолација на ѕидовите на објектот и прозорци кои добро дихтуваат, внатрешните ѕидови во зима остануваат топли. Доколку во просторот сепак навлезе студен воздух или влажност, ѕидовите кондензираат влагата навлегува во нив. Тоа се  совршени услови за настанување на мувла. Во лето се случува обратен процес. Во просторијата навлегува топол и влажен воздух кој кондензира на топлите ѕидови. Со што пак пости опасност од создавање на мувла.

„Проблемот со кондензација настанува најмногу на места каде што има слаба или воопшто нема циркулација на воздухот. За да се заштитиме од создавање на мувла најважно е да го проветруваме просторот и тоа правилно. Не е доволно само да се отвори еден прозорец за да “влезе” воздух. Треба да создадеме услови за струење на воздухот, провев. Тоа се постигнува со отворање на повеќе прозорци, спротивно поставени, за да започне струење на воздухот. Така настанува провев и застојаниот воздух излегува надвор,  а на сметка на тоа во просторијата влегува нов, свеж воздух“ ни одговорија од регионалното претставништво на РЕХАУ, кои ги консултиравме за овој проблем.


Избегнувајте да ги оставате прозорците подолго време отворени на кип. Воздухот не се разменува доволно а просторијата се лади. Така се троши повеќе енергија за греење, бидејќи топлината се губи низ прозорецот кој е долго време отворен на кип.

Ова е табела која ја покажува должината на проветрувањето во зависност од годишното време

Годишно време

Време на проветрување

април до октомври

15 минути

ноември

10 минути

декември до февруари

6 минути

март

10 минути

Проветрување на кујна, бања и спална соба

Во кујната и бањата од самото готвење и туширање се создава многу повеќе влажност отколку во другите простории. Тие мора да се проветруваат многу почесто, во зависност од интензитетот на нивното користење. Спалната соба задолжително се проветрува наутро.

Од она што го најдовме со истражување на пазарот на прозорци, РЕХАУ како водечки понудувач на системски решенија од полимери нуди иновативно решение, кое е уникатно и ново на пазарот и кај кое системот на вентилација е совршено интегриран во рамката на прозорецот. На таков начин се заштедува на одржување на топлината во домот, нема бучава, нема полен и што е најважно нема мувла.


Можеби ќе ве интересира

Град Скопје се фали со речиси трипати поголем буџет за животна средина во 2018 година, каде планира Шилегов да ги „потроши“ парите?

Град Скопје се фали со речиси трипати поголем буџет за животна средина во 2018 година, каде планира Шилегов да ги „потроши“ парите?

Кругман: Биткоин-Маѓепсани, а не разбираат!

Кругман: Биткоин-Маѓепсани, а не разбираат!

ОЦЕНКИ НА БИЗНИСОТ: Ништо не е недостижно со политичка стабилност!

ОЦЕНКИ НА БИЗНИСОТ: Ништо не е недостижно со политичка стабилност!

Важен економски договор, кој се однесува на Грција, гас и многу пари, ќе се случи наесен во 2018 година?

Важен економски договор, кој се однесува на Грција, гас и многу пари, ќе се случи наесен во 2018 година?

„Волкот од Волстрит“ го нарече биткоинот „огромна, гигантска измама“ и предупреди за нешто многу опасно

„Волкот од Волстрит“ го нарече биткоинот „огромна, гигантска измама“ и предупреди за нешто многу опасно

Како Џулијан Асанж го коментира биткоинот?

Како Џулијан Асанж го коментира биткоинот?

НАЈВИСОКА ИСПЛАТЕНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Скопјанец земал по 225.000 евра месечно

НАЈВИСОКА ИСПЛАТЕНА ПЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА: Скопјанец земал по 225.000 евра месечно

ОИЛКО пред Нова година си откупи сопствени акции

ОИЛКО пред Нова година си откупи сопствени акции

Дизни со купувањето на Фокс стана опасен гигант

Дизни со купувањето на Фокс стана опасен гигант