19 Април, 2024
0.0233

Вински фестивал 2012: Дегустација на вино, сирење и шунка на Скопски саем

Објавено во: Агробизнис 07 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Од 12-ти до 15-ти декември на Скопски саем, посетителите четири дена ќе имаат можност да дегустираат различни видови вино од македонските визби, но и да пробаат млечни и месни производи од најдобрите во земјава како дел од манифестацијата „Вински фестивал 2012“. Програмата предвидува попладневни ди-џеј забави од 17 до 21 часот секој ден кои потоа продолжуваат до 1 часот по полноќ со настапи на повеќе познати имиња од домашната сцена. Како што информираше проект-менаџерот Иво Ивановски, ќе се претстават најпознатите сорти грозје, категориите на вино и нивниот ред во служење, правилниот начин на отворање на шишињата, протоколот во винскиот сервис и соодветното комбинирање на одреден тип вино и храната.

На Винскиот фестивал учество ќе земат 30 компании, винарски визби и производители на млечни и месни производи, а нивниот асортиман ќе биде достапен за купување на самото место.

Цената на билетот за фестивалот е 100 денари, а со секоја купена влезница оди и гратис чаша за вино.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари