24 Април, 2024
0.0267

Вип носител на MAMFORCE стандардот

Објавено во: Мои пари 07 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Вип со гордост објавува дека е првата компанија во Македонија носител на MAMFORCE стандардот што претставува признание за успешно спроведување на компаниските политики коишто ги земаат во предвид семејните потреби на вработените и овозможуваат баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот.

“Особено сум горд што од денеска Вип се стекнува со MAMFORCE стандардот. Тоа е уште еднапотврда дека за нас во Вип најголемиот и највреден капитал се вработените за кои со особено внимание и посветеност работиме на креирање и спроведување внатрешни политики кои овозможуваат постигнување баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот и дека поседуваме стандарди коишто овозможуваат на вработените најдобри услови за работа во Македонија и дека Вип е најдобро место за нивниот професионален и личен развој. Како прва компанија во земјата која се стекнува со овој стандард, се надевам дека ќе бидеме пример и поттик што ќе го следат и другите компании“, истакна Димитар Ковачевски, Извршен директор на Вип на доделувањето на MAMFORCЕ стандардот.

Процесот се спроведуваше преку ревизија во којашто се испитуваат работните услови на вработените со посебен акцент на прилагодувањето на работните услови на родителите со мали деца (работно место, работно време, дополнителни сервиси, поддршка од компанијата и колегите), можност од постепено враќање од породилното отсуство (скратено и флексибилно работно време, работа од дома, повремена работа од дома, можност за отсуство поради болест на дете), како и можност за понатамошно усовршување, напредување и родова еднаквост на највисоките управувачки позиции.

Во Вип има вкупно 1150 вработени. Просечната возраст во компанијата е 35 години што е показател дека станува збор за исклучително млад и професионален кадар регрутиран според компетенциите и професионалноста независно од верската, националната или припадноста на полот. Водејќи се според водечките принципи на компанијата, тим, доверба и агилност, Вип е компанија со висок степен на колегијална поддршка и отворена комуникација меѓу вработените, со кадар кој брзо одговара на сите предизвици на телекомуникацискиот пазар ставајќи ги секогаш корисниците на прво место.

Имплементацијата на проектот во Македонија е поддржана од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact и локалниот партнер Преда Плус. Здружението Конект е партнер и спроведувач на проектот во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка