Вирозите и загадениот воздух ги преполнија болниците
Објавено во: Македонија 13 Февруари, 2018
Во период на вирози и аерозагадување постојано се полни детската болница Козле, која за жал има сѐ помал капацитет за згрижување на младите кои имаат потреба од хоспитализација. Сѐ помалку место има и на Клиниката за детски болести како и во другите установи кои третираат респираторни болести.
Најчесто хоспитализирани се деца со компликации кога станува збор за пневмонии, тешко респираторни инфекции кога децата имаат глад за воздух или со ларингитични состојби, за која треба да се особено внимание, изјави д-р Анѓелчо Андоновски, директор на Детската болница Козле.
Според градоначалникот на Скопје, Шилегов, мерките за аерозагадувањето не се покажаа какао најефикасни па затоа Шилегов се надева дека со гасификацијата овој проблем сериозно ќе почне да се решава.
-Очекуваме годинава да започнеме со гасификацијата на градот во деловите кои не се опфатени со централното греење ќе ја зголемиме и енергетската ефикасност на објектите кои се под Градот Скопје, изјави Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје.