Добивај вести на Viber
Некои од своите меѓубанкарски провизии компанијата Виза се согласи да ги намали и до 60 отсто, поради загриженост на ЕУ околу монопол, наведе Европската комисија.
Комесарот на ЕУ за конкурентност Хоакин Алмуни изјави дека го поздравува планот на фирмата Виза за намалување од 40 до 60 отсто.
Компанијата исто така се согласи на реформи на своите прописи за да ја олесни прекуграничната конкуренција, наведе Алмуни, додавајќи дека одличн е што Виза се одлучила да ги изнесе своите предлози како реакција на загриженоста на Комисијата.